Директорите на полициите на Македонија и на Словенија во прифатниот центар во Гевгелија
Директорите се информираа за соработката помеу македонските и словенечките колеги, тековната состојба на границата и протокот на мигранти.

Денес директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и директорот на Словенечката полиција, Марјан Фанк го посетија словенечкиот конингент на полициски службеници во прифатниот центар Винојуг во Гевгелија.
Освен словенечки полицајци во моментот на границата има и 31 полицаец од Унгарија. Директорите се информираа за соработката помеу македонските и словенечките колеги, тековната состојба на границата и протокот на мигранти.
Помеѓу директорите се расправаше и за унапредување на соработката во сите сфери на полициското работење како и за одржување на средба помеѓу сите полициски директори на рутата на движење на мигрантите со цел поефективно и поефикасно справување со мигрантската криза, соопштуваат од МВР.