Блокирана македонско – грчката граница поради штрајк на грчките земјоделци

26.01.2016 12:43

Сообраќајот на граничните премини Богородица/ Евзони и Меџитлија/ Ники денеска ќе биде во прекин поради штрајк на грчките земјоделци кои поставија механизација во близина на границата...

Грчките земјоделци одново во изминативе два часа ги блокираа граничните премини Богородица и Меџитлија од грчка страна.

На протести во Грција се блокирани локации со 10 илјади трактори на 60-тина места. Протестите се предизвикани од намалувањето на земјоделските пензии и од актуелната аграрна политика на владата во Атина.

Следниот протест е најавен за вечер од 18 до 20 часот, информираат од АМСМ.

Вкупно четири гранични премини беа блокирани во Бугарија, Македонија и Албанија.