„Опсерваторија на вештини“ за поголема компатибилност на образовниот систем со пазарот на труд

26.01.2016 12:54

Преку оваа опсерваторија, ќе се следат потребите на компаниите, или некој правен субјект кој што сака да ангажира определен тип на кадар. Полесно до вработување ќе дојдат и оние од приватниот и оние од државниот сектор.

„Опсерваторија на вештини“ е новата софтверска алатка која ја промовираше Министерството за образование со поддршка на Светска банка. Корисна алатка за повеќе институции кои што меѓусебно се поврзани. Преку оваа опсерваторија, ќе се следат потребите на компаниите, или некој правен субјект кој што сака да ангажира определен тип на кадар. Полесно до вработување ќе дојдат и оние од приватниот и оние од државниот сектор.

„Алатката „Опсерваторија на вештини“ треба да биде еден од најкруцијалните процеси кои што ќе овозможат директно поврзување на потребите на пазарот на трудот со образовните програми, посебно во средните стручни училишта во насока на нивна компатибилност и конкурентност во делот за полесно обезбедување на работни места, пред се кај младите, средношколците и новите генерации што завршуваат извесен степен на образование“, рече заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

„Опсерваторијата на вештини“ е дел од проектот Развој на вештини и поддршка на иновации, поддржан од Светска банка, рече Ристовски и нагласи дека Министерството за образование и наука ќе продолжи да ги реализира целиот сет на мерки кои се однесуваат на директна реформа на средното стручно образование со цел полесен пристап до пазарот на труд за сите ученици.