Објавен тендер за гасоводот Скопје- Тетово- Гостивар
Крајниот рок за доставување на понудите е први март. Гасификацијата ќе се реализира за три години, со што до 2019-та ќе биде целосно гасифициран Полошкиот регион.

Објавен е оглас за изградба на делницата на магистралниот гасовод Скопје- Тетово-Гостивар во должина од 76 километри. Проценетата вредност на договорот е 1,9 милијарди денари или околу 30 милиони евра.
Крајниот рок за доставување на понудите е први март. Гасификацијата ќе се реализира за три години, со што до 2019-та ќе биде целосно гасифициран Полошкиот регион.
За оваа намена земен е кредит од 90 милиони евра од Дојче Банка и Ерсте групацијата со кои ќе бидат изградени вкупно 204 километри магистрален гасовод.
Освен кон Гостивар со овие средства ќе се финансираат и гасоводните делници Штип- Неготино и Неготино-Битола во вкупна должина од 128 километри.
