СПМ: Предвремените парламентарни избори да се одржат на 24-ти април

26.01.2016 13:15

Според СПМ, членовите на ДИК, предложени од опозициската СДСМ несовесно ги извршуваат задачите околу пречистувањето на избирачкиот список...

Предвремените парламентарни избори мора да се одржат на 24-ти април, зашто тоа е во интерес на граѓаните и е во согласност со националните и државните интереси. Ова е ставот на Социјалистичката партија на Македонија што го презентираше на прес-конференција.

Според СПМ, членовите на ДИК, предложени од опозициската СДСМ несовесно ги извршуваат задачите околу пречистувањето на избирачкиот список и затоа доколку продолжат со ваквото работење, СПМ ќе иницира нивно разрешување и именување нови членови.