Средба Ангелов- Мардас, фокус на економската соработка меѓу Македонија и Грција

26.01.2016 13:22

Се сретнале на барање на нашиот дипломат. Главен фокус бил ставен на економската соработка меѓу двете земји, на отворање на нови гранични премини, реактивирање на железничката пруга Битола - Лерин...

Македонскиот амбасадор во Грција, Дарко Ангелов на средба со грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Димитрис Мардас. Се сретнале на барање на нашиот дипломат.

Главен фокус бил ставен на економската соработка меѓу двете земји, на отворање на нови гранични премини, реактивирање на железничката пруга Битола - Лерин, како и за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа, со што би се подржал развој на туризмот од двете страни на езерото.

Исто така, на средбата се разговарало за потпишување договори за избегнување на двојното одданочување и за заштита на инвестициите.