Сараево: Почна судењето на екс-командантот на силите во Србереница

26.01.2016 13:32

Ориќ е обвинет дека за време на војната со своите активности во реонот на Сребреница ги прекршил одредбите на меѓународното хуманитарно право и Женевската конвенција...

Во Сараево денеска почна судскиот процес против поранешниот командант на муслиманските сили во енклавата Сребреница, Насер Ориќ, обвинет за злосторства врз србите за време на војната во Босна и Херцеговина, која траеше од 1992 до 1995 година.

Ориќ е обвинет дека за време на војната со своите активности во реонот на Сребреница ги прекршил одредбите на меѓународното хуманитарно право и Женевската конвенција, како и дека во 1992 година заедно со неговиот соработник убиле тројца заробени срби во три различни села близу Сребреница.