Хаос во Париз, протести на таксистите

26.01.2016 13:51

Во штрајкот учествуваат и контролорите на воздушниот сообраќај, просветните работници и вработените во други јавни служби поради условите за работа.

Полицијата во Париз фрлила солзавец на таксистите кои запалиле оган на главниот автопат во градот. Тие протестираат, како што велат, против нелојалната конкуренција од услугата Убер.

Во штрајкот учествуваат и контролорите на воздушниот сообраќај, просветните работници и вработените во други јавни служби поради условите за работа.

Стотици француски таксисти, со поддршка од колегите од Белгија и Шпанија ја блокираа големата раскрсница која води до западниот дел на Париз.