Жртви на протестите во Киев

22.01.2014 12:00

Жртви на барикадите на Евромајданот – демонстрант падна од портата на фудбалскиот стадион Динамо од каде што група фрлала молотови коктели, а полицијата застрела со снајпер уште еден, иако од министерството за внатрешни негираат.
 
„Според првичните заклучоци, умрел од застрелна рана во вратот, главата и десното белодробно крило“, изјави Игор Петрович, одговорен за болницата на демонстрантите.

Првите загинати во двомесечните протести покажуваат до кој степен е поделена и радикализирана земјата. Под дождот од камења, молотови коктели и шок гранати, толпата остана без јасна стратегија.
Ултрадесничарите застанаа на чело на протестите. Сите се политички мртви, велат, и Кличко и другите. Протестите ги води десницата.
 
„Ми го извадија шлемот и почнаа да ме удираат по главата. Се обидов да се покријам, но ми го слекоа и ми го фрлија панцирот и продолжија да ме удираат“, раскажа припадник на безбедносните сили.
Руската Дума ја усвои резолуција со која изразува загриженост поради ескалацијата и ги обвинува западноевропските политичари за мешање во внатрешните работи на Украина. Москва се понуди за посредник меѓу власта и опозицијата.
 
„Гледаме елементи на граѓанска војна. Таму се сите сили – луѓе што навистина сакаат демократија, љубопитници и екстремна младина што сака војна, своја револуција“, рече Владимир Жириновски, лидер на Либерално-демократската партија на Русија.
 
Лидерот на „Удар“ Кличко се повлече од преговорите бидејќи претседателот Јанукович не го прими на разговори за кризата поради претходни обврски. Ова придонесе за промена на ситуацијата во центарот на Киев. Специјалците од одредот Беркут на јуриш зазедоа дел од улицата Грушевски и почнаа да апсат демонстранти.
 
Засега не е во најава вонредна состојба, но премиерот Азаров синоќа предупреди дека власта мора да употреби сила ако не престанат провокациите. Опозицијата обвинува дека власта плаќа таканаречени титушки да ја дискредитираат со насилства.