Ван Хул отвора втора фабрика во Македонија
26.01.2016 15:15
Инвестицијата е вредна над 15 милиони евра и ќе отворат нови работни места.

Белгиската компанија Ван Хул ќе отвори нова фабрика во Македонија во која ќе се произведуваат автобуси и за европскиот пазар, во првата веќе се произведуваат за американските клиенти.
Инвестицијата е вредна над 15 милиони евра и ќе отворат нови работни места. На потпишувањето на договорот за втората инвестициска фаза на фабриката во Технолошко индустриската развојана зона- Скопје, присуствува и претседателот на владата за спроведување на изборите Емил Димитриев.
