22 жртви во два самоубиствени напади во Хомс
26.01.2016 15:40
Според сирискиот Центар за мониторинг на човековите права меѓу загинатите 13 се војници. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Најмалку 22 луѓе загинаа во два самоубиствени напади врз пункт контролиран од армијата во сирискиот град Хомс. Инцидентот се случил во квартот Захра, кој во последните месеци често е цел на напади.
Според сирискиот Центар за мониторинг на човековите права меѓу загинатите 13 се војници. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Во меѓувреме, руската авијација соопшти дека во претходните три дена уништила речиси 500 цели на терористите во Сирија.
