„Tуркиш ерлајнс“ откажа 116 летови од Истанбул

26.01.2016 15:47

Поради лошите временски услови во Истанбул, локалните власти објавија и дека во прекин ќе биде и сообраќајот на чамците и тракетите преку Босфорот

Во очекување на обилни снежи врнежи во реонот на Истанбул, турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа вкупно 116 летови од и кон истанбулските аеродроми планирани за денеска и за утре.

Поради лошите временски услови во Истанбул, локалните власти објавија и дека во прекин ќе биде и сообраќајот на чамците и тракетите преку Босфорот, кои ги поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот.