Напредни ИТ обуки за нови вработувања
Во тек се два јавни повика за стекнување знаења и вештини од областа на компјутерските техники. 270 невработени ќе можат да се стекнат со меѓународно признати сертификати.

Со напредни ИТ обуки до нови вработувања и поголема конкурентност на пазарот на трудот. Во тек се два јавни повика за стекнување знаења и вештини од областа на компјутерските техники. 270 невработени ќе можат да се стекнат со меѓународно признати сертификати. Со обуките се зголемуваат шансите за вработување, но и за отворање сопствен бизнис.
„Позитивните искуства од минатото кои што говорат дека над 60% од лицата кои што ги поминале овие обуки веднаш по обуките се вработиле, а дополнително сериозно голема бројка започнала сопствен бизнис во кој што соработуват со странски субјекти се најдобра гаранција за успешноста на политиките и мотив повеќе за сите невработени лица да ги проучат можностите, да аплицираат на овие јавни повици кои што е во тек и за кои што се уште постои простор и време“, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Обуките за јава програмери и за програмери за веб апликации се спроведуваат во соработка со ЕУ. Може да аплицираат невработените кои се наоѓаат најмалку 1 година во евиденцијата на Агенцијата за вработување. На обуките за CAD, пак, може да се пријават и оние кои се евидентирани во агенцијата најмалку еден ден.
Сунчица Николоска
