Хаос во Париз, протести на таксистите против „Убер“
Француските таксисти сметаат дека овој сервис им наштетува на професионалците кои плаќаат данок и ги почитуваат правилата, додека како што ги нарекуваат „американските каубојци“ сакаат да го уништат францускиот систем.

Полицијата во Париз фрлила солзавец на таксистите кои запалиле оган на главниот автопат во градот, кои протестираа, како што велат, против нелојалната конкуренција од услугата „Убер“.
Француските таксисти сметаат дека овој сервис им наштетува на професионалците кои плаќаат данок и ги почитуваат правилата, додека како што ги нарекуваат „американските каубојци“ сакаат да го уништат францускиот систем.
Во штрајкот учествуваат и контролорите на воздушниот сообраќај, просветните работници и вработените во други јавни служби поради условите за работа. Стотици француски таксисти, со поддршка од колегите од Белгија и Шпанија ја блокираа големата раскрсница која води до западниот дел на Париз.
Еден возач бил повреден кога се обидел да го блокира влезот во автобус на аеродромот во Орли. На парискиот аеродром е откажан секој петти лет, а можни се и дополнителни одложувања поради штрајкот на контролорите на летови.
Дел од просветните работници протестираат меѓу другото и поради прашањето за платите, образовните реформи и условите за работа.
Пожарникарите изутрината ги гаснеа пожарите што демонстрантите ги запалија во текот на ноќта.
„Убер“ на своите корисници им испрати порака со предупредување од можно насилство за време на протестите, наведувајќи дека целта на протестите е да се изврши притисок на владата да ја ограничи конкуренцијата.
Марина Автовска
