Нема опасност од ширење на Зика вирусот во земјава
Може да го донесе само некој што патувал во тропските регионите каде што тој е присутен. Според доктор Кузмановска вирусот е проследен со главоболка, осип, треска, болки во зглобовите.

Не постои опасност од ширење на Зика вирусот во земјава, бидејќи е зима и нема комарци - велат епидемиолозите. Може да го донесе само некој што патувал во тропските регионите каде што тој е присутен. Според доктор Кузмановска вирусот е проследен со главоболка, осип, треска, болки во зглобовите.
„Искуствата велат дека Зика вирусот е благо заболувањекое поминува од 4 до 7 дена не остава последици нема тешки форми на заболувања барем до сега, нема хоспитализација и досега не е регистриран смртен случај од ова заболување“, вели д-р Гордана Кузмановска - Институт за јавно здравје.
Вирусот го пренесуваат комарци, но е изолиран и во човековата сперма, сепак потребни се докази за да се потврди дали тој е сексуално пренослив. Лимитирани се и податоците дека бремена жена која е инфицирана со вирусот, може да го пренесе на плодот - вели доктор Кузмановска. Во Бразил засега се регистрираат најглем број на новореденчиња со малформации на черепот што се поврзуваат со Зика вирусот.
„Дел од јавно здравствените власти во Бразил и Француска Полинезија каде што има зголемен број на вакви случаи поставиле хипотеза дека е можно да постои таква врска. Затоа во тек се испитувања кои генерираат докази дали навистина постои таква врска и ако постои, на каков начин настанува инфекцијата и што можеме да направиме за да ја превенираме“, објаснува д-р Кузмановска.
Епидемиолозите велат ако некој патува во регионите каде што го има вирусот треба да ги преземе сите мерки за заштита од каснување од комарец.
Опасниот зика вирус стигна и во Европа. Има заболени во Италија, Британија и Шпанија, но сите се вратиле од патување од Јужна Америка и од Карибите.
Андријана Атанасовска
