Македонец фатен во Албанија со 450 килограми марихуана
22.01.2014 12:15
Притворен е македонски државјанин во Драч, Албанија...

Притворен е македонски државјанин во Драч, Албанија, откако полицијата во вторникот вечерта во неговото возило открила 450 килограми марихуана.
Дрогата била откриена во возило со кое управувал македонскиот државјанин, кој се обидувал да ја внесе марихуаната во пристаништето, соопштуваат од албанската полиција.
Полицијата потврдила дека дрогата е од албанско потекло, а возачот на возилото чиј идентитет не се открива, веднаш е притворен од полициските службеници.
Идентитетот на уапсениот возач, како и други детални информации за случајот засега не се познати.
