Изборите се добар сигнал за Европа

26.01.2016 17:56

„Ме зачудуваат партиите во едно општество кои сакаат да дојдат на власт без избори“ - вели европратеничката Маријана Петир. Според неа, такво нешто во моментов се случува во Македонија. Нејзини колеги со став дека десет години е предлог период на чекање за почеток на преговори и бараат итно одредување датум.

Политичката криза во Македонија секако го успорува евроинтегративниот пат на земјата, но во исто време праќа силна позитивна порака дека Македонија има капацитети истата да ја реши во демократски дух- изјави за МТВ новиот известувач за нашата држава во Европскиот парламент, естонскиот европратеник Туне Келам.

„Како што сега стојат работите  тоа е позитивно влијание, затоа што Македонија работеше заедно, имаше соработка меѓу политичките групи. Фактот што се постигна национален договор за организирање на изборите е добар сигнал за европската заедница. Се надевам дека изборите ќе поминат во демократски дух и добра волја“, вели Келам.

Хрватската европратеничка Маријана Петир, која е иницијатор на денешното инагуирање на неформалната група „Пријатели на Македонија во ЕП“ со остра критика до опозицискиот блок. Петир смета дека опозицијата треба да го следи примерот на Никола Груевски, покажувајќи сериозност на зрел политичар и љубов кон сопствениот народ и држава.

Мене секогаш ме зачудуваат оние политички заедници во општеството кои сакаат да дојдат на власт без избори. Токму тоа се случи во Македонија. Со разни притисоци од страна на социјалистите, со протести, со опстукција на работата на Парламентот, предизвикаа ваква криза. Мислам дека претседателот на владата г-динот Груевски покажа озбилност, и пред се љубов кон народот и кон државата, затоа што тој легално ги доби изборите, и во средина на мандатот тој го прифати предлогот на опозицијата и го отстапи од позицијата, а потоа повторно седна на заедничка маса со опозицијата, затоа што е свесен дека сите заедно треба да работат како би можела  Македонија да ги одпочне преговорите. Имам информации дека сега опозицијата без разлика што го доби тоа што го бараше повторно сака да ги одлози изборите. Тоа ги нарушува демократските процеси. Ги повикувам на озбилност, и да покажат љубов спрема сопствениот народ и држава како што тоа го стори и Груевски“, изјави Маријана Петир.

Денеска во ЕП е инагуирањето на „Пријатели на Македонија“. Нашата делегација ја предводи министерот за надворешни работи Никола Попоски. Главна порака е дека Република Македонија е подготвена  да ги одпочне преговорите со Европската унија, и дека понатамошното акцентирање на билатералниот спор со Грција е преседан кој го прави ЕУ.

„Сите извештаи покажуваа дека Македонија постигнува напредок. Сметам дека неправедно се наоѓа 10 години во чекланицата на ЕУ. Ние ќе ги искористиме нашите капацитети како би ги мотивирале сите тие кои носаа одлука Македонија да ги одпочне преговорите. Сметаме дека билатералниот спор за името, не смее да биде препрека за преговорите. Доколку тоа Европскта унија го уважува, би направила преседан. Токму преку примерот на Хрватска и Словенија може да видиме како билатерално прашање успешно може да се реши во текот на преговарачкиот процес“, вели Петир.

Сите сме свесни дека поминати се сите можни граници. Македонија чека 10 години. Македонија е најдобо подготвена земја- аспирант за членство во Европската унија“, додава Келам.

Инаку на средбата биле поканети и грчките европски претставници, кои одбиле да учествуваат, поради тоа што сите присутни, а во прв ред иницијаторката Петир ја ословува нашата држава со уставно име – Република Македонија.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ