Претседателот Иванов на меѓународна конференција во Рим

27.01.2016 10:39

Претседателот ќе учествува на 7-миот состанок на високо ниво, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“, и Италијанското друштво за меѓународни организации, што се одржува во Рим.

Претседателот Иванов е во работна посета на Италијанската република. Ќе учествува на 7-миот состанок на високо ниво, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“, и Италијанското друштво за меѓународни организации, што се одржува во Рим.

Шефот на државата ќе се обрати на воведната сесија „Одговор на радикализацијата и екстремизмот преку меѓурелигиски дијалог“.

За време на работната посета на Италија е предвидено претседателот Иванов да оствaри повеќе средби со учесници на конференцијата.

Македонскиот претседател претходно има учествувано на состаноците во Баку, Софија и во Рим.