ММФ ја подобри прогнозата за светската економија
22.01.2014 12:23
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја коригираше на подобро прогнозата за раст...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја коригираше на подобро прогнозата за раст на светската економија на 3,7 проценти, но со предупредување дека економијата и натаму останува слаба и нерамномерна.
Постои голема разлика меѓу САД, каде што растот е стабилен и Европа, каде што е се уште слаб, особено на југот, рече главниот економист на Фондот, Оливие Бланшар.
Според ММФ, растот го поттикнува постепеното оддалечување од политиката на штедење на повеќе земји. Ова е прво зголемување на прогнозата во изминативе две години.
