Собранието ќе расправа за буџетот на СЈО
27.01.2016 10:42
За Специјалното јавно обвинителство ќе се издвојат околу 4 милиони евра, најголем дел за плати и надоместоци.

Во Законодавниот дом ново пленарно заседание. Пратениците ќе расправаат за одлуката за прераспределба на средствата меѓу буџетските корисници, со цел обезбедување пари за реализација на финансискиот план на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
За Специјалното јавно обвинителство ќе се издвојат околу 4 милиони евра, најголем дел за плати и надоместоци.
На дневен ред се и Предлог- законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир, и втората фаза од измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита.
