Три нови авиолинии од скопскиот аеродром
27.01.2016 10:44
На промоцијата ќе присуствува министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, како и претставници на авиокомпанијата „Визер“ и на „ТАВ Македонија“.

Од аеродромот „Александар Велики“ од денеска три нови авиолинии, директно кон Копенхаген, Братислава и Берлин.
На промоцијата ќе присуствува министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, како и претставници на авиокомпанијата „Визер“ и на „ТАВ Македонија“.
Поради евтините билети, авиосообраќајот лани е зголемен за 22 насто, а за годинава се планирани нови 20 авиолинии.
Од мај ќе почне да функционира и директната линија Скопје- Прага.
