МВР: За 24 часа издадени 2.908 потврди за азил

27.01.2016 10:57

Oд почетокот на годинава, како што соопшти МВР, издадени се потврди на вкупно 46.970 странски државјани...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.908 странски државјани, од кои 1.111 се од машки пол, 651 се од женски  и  1.146 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Според евиденцијата на МВР, најбројни се државјаните на Сирија-1.556, Авганистан–820 и Ирак-532.

Од почетокот на годинава, како што соопшти МВР, издадени се потврди на вкупно 46.970 странски државјани, од кои 19.558 се од машки пол, 10.137 се од женски и 17.174 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-23.752, Авганистан-14.586 и Ирак-8.629.

Во истиот период до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.