Eвропратеници на Златна Зора се обидоа да направат скандал на промоцијата на „Групата на пријатели на Македонија“
Групата „Пријатели на Македонија во Европскиот парламент“ синоќа во Брисел јавно ги поддржа нашите амбиции за побрз евроинтегративен процес, додека грчката ултрадесничарска Златна Зора промовира недемократско и нецивилизирано однесување, упаѓајќи на церемонијата и навредувајќи ги присутните.

Претставницте на ултра десничарската Златна Зора синоќа упаднаа на церемонијата по повод инагуирање на наеформалната група во ЕП „Пријатели на Македонија“, обидувајќи се по секоја цена да направат скандал. Со повишен тон се обраќаа кон иницијаторката Маријана Петир и македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски.
Главната цел на пријателите на Македонија е да се искористат сите капацитети што се во нивна моќ како би помогнале Република Македонија, како најподготвена земја кандидат, што поскоро да ги започне преговорите за членство со Унијата.
„Очекуваме од аспект на евроинтеграциите да добиеме јасен сигнал дека по исполнување на обврските од политичкиот договор, ќе бидат исполнети и обврските на Европската унија, а тоа е преку извештајот да се овозможи конечно почеток на преговорите“, изјкави за МРТ, министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Европските претставници оценија дека политичката криза во државата го успорува евроинтегративниот процес, но и дека праќа позитивна порака дека земјата има каппацитет истата да ја надмине.
„Фактот што се постигна национален договор за организирање на изборите е добар сигнал за европската заедница. Се надевам дека изборите ќе поминат во демократски дух и добра волја“, изјави новиот известувач за нашата држава во Европскиот парламент, естонскиот европратеник Туне Келам.
„Со разни притисоци од страна на социјалистите, со протести, со опстукција на работата на Парламентот, предизвикаа ваква криза. Мислам дека претседателот на владата г-динот Груевски покажа сериозност, и во средина на мандатот тој го прифати предлогот на опозицијата и го отстапи од позицијата, а потоа повторно седна на заедничка маса со опозицијата“, рече хрватската европратеничка Маријана Петир.
Пријателите на Македонија во ЕП порачаа- опозицискиот блок да работи за интересите на граѓаните и да учествува на претстојните избори.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
