„Јов“ премиерно во Драмски театар

27.01.2016 12:46

„Јов“ е пиеса која не дава одговори, туку поставува само прашања. Зашто доброто и вистинитото поставено прашање е секогаш подрагоцено од лош и лажен одговор, без разлика колку тој бил брз.

„Јов“ е обид да се види до каде се денес границите на трпението и на поднесувањето страдања кај човекот и човештвото воопшто. Мојот „Јов“ е денешен Јов. Тој упорно трпи и страда, зашто верува во Бога. Човекот по дефиниција е суштество кое бара смисла дури и во бесмислата на светот и неговите случајности. Тој е предодреден да верува во Бога, иако често изгледа дека Бог е во стечај, пензија или на долг службен пат- вели авторот Венко Андоновски за новата премиера во драмски театар „Јов“. Режисерот Миленковски вели со оваа претстава се преиспитуваме себеси.

„Јов“ е пиеса која не дава одговори, туку поставува само прашања. Зашто доброто и вистинитото поставено прашање е секогаш подрагоцено од лош и лажен одговор, без разлика колку тој бил брз.

Првата премиера на Драмски театар за 2016-та година е закажана за 29-ти декември.

 

Александра Перевска