Ивановски: Нов закон за општа управна постапка

22.01.2014 12:30

Подобра заштита на граѓаните

Се подготвува нов закон за општа управна постапка со кој ќе се олесни вадењето документи на граѓаните преку еден шалтер, но ќе се подобри и квалитетот на работата на администрацијата.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, ќе се надоградува системот во институциите за подобрување на услугите, а една од главните поенти е што законот ќе опфати и заштита на корисникот.

 „Граѓаните мора да добиваат услуга што ќе обезбедува квалитет“, изјави денеска Ивановски.