Холокаустот не смее да се повтори

27.01.2016 15:51

Пред 70-тина години светот ја преживеа најтрагичната епизода во човековата историја, сеќавањата се се уште свежи, во овој век тие треба да бидат аманет за сегашните и идни генерации- ова да не се повтори.

Скопје се сеќава на ужасите од депортацијата на 7.144-те македонски евреи во треблинка. На меѓународниот ден испратена порака - Холокаустот да биде поттик и лекција, преку изучување на трагичните настани, младите да не го заборават протерувањето на евреите.

Пред 70-тина години светот ја преживеа најтрагичната епизода во човековата историја, сеќавањата се се уште свежи, во овој век тие треба да бидат аманет за сегашните и идни генерации- ова да не се повтори.

За израелската историчкарка Леа, секој треба да ги прочита мемоарите на Ана Франк, еврејското девојче кое сите ужаси од холокаустот ги опишала во своите дневници, за да научи каков бил животот на децата во тоа време.

Во Министерството за надворешни работи се оддржа комеморација од која беше испратена порака за мир и соживот.

Викторија Милевска