Куманово на гости кај Сигал

22.01.2014 12:32

Лидерот на БИБЛ лигата, серијата од две гостувања ја заокружува на теренот на тимот од Приштина, во 10-та рунда од балканската кошаркарска сезона.
 
Овие две екипи се соочија на стартот на првенството, во Куманово, кога се радуваше гостинската екипа со 89:78. Куманово регистрира 6 победи и 3 порази, со што е на првата позиција на табелата. Во претходното коло, Кумановци беа поразени на гостувањето кај Крајова во Романија.
 
Сигал се наоѓа на средината на табелата, со 5 победи и со 3 порази е на 5-та позиција. Во рамките на 10-то коло, останува да се одигра овој и уште еден натпревар, меѓу Балкан и Теодо, кој што е преместен во март. Натпреварот Сигал Приштина – Куманово, почнува во 17:30 часот.