Собранието го одобри Буџетот за СЈО

27.01.2016 16:26

Финансиските средства за СЈО ќе бидат наменети за исплата на средства за плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба...

Собранието на Република Македонија денеска со 64 гласа „за“ и 1 воздржан ја усвои Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со која се обезбедуваат средства за реализација на Финансискиот план на Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за 2016 година.

Се предлага реалокација на средствата во рамки на планираните средства со Буџетот на Република Македонија за 2016 година, во износ од 253.682.112 денари кои се наменети за непречено работење и автономно функционирање на Специјалното јавно обвинителство.

Финансиските средства за СЈО ќе бидат наменети за исплата на средства за плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство.