Пребивање на субвенции со долгови
Годинава земјоделците имаат можност за пребивање на долговите со субвенциите. Доколку не ги платиле обврските за закуп, пашарина или наводнување остатокот од субвенциите ќе можат да ги добиваат со изјава заверена на нотар. Досега поради навреме не платените сметки некои земјоделците целосно ги губеа субвенциите.

Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на субвенциите.
Барателот ќе треба да поднесена изјава заверена на нотар во рок од 20 дена од денот на известувањето од платежната Агенција за неплатените долгови.
Во случај кога барателот нема да достави согласноста нема да се исплаќа одобрената субвенција.
Доколку износ на финасиска поддршка на корисникот не е доволна за намирување на сите обврски, наплатата ќе се врши по редослед и тоа прво за закуп, потоа за јапонска помош, водарина и пасишта.
Методија Трајков
