Магла и видливост до 50 метри

28.01.2016 10:02

Густа магла- особено низ котлините во земјава. Видливоста на одредени патни правци е од 50 до 100 метри- во Скопје, Тетово, Куманово, Македонски Брод, Делчево, Неготино и во Петровец.

Иако метеролозите најавуваат сончево и топло време, забележана е густа магла особено низ котлините во земјава. Видливоста на одредени патни правци е од 50 до 100 метри- во Скопје, Тетово, Куманово, Македонски Брод, Делчево, Неготино и во Петровец.

АМСМ препорачува внимателно возење на делниците кои минуваат низ клисурите. Температурата според метео- прогнозата треба да се движи меѓу 11 и 18 степени. Се очекува слаб ветер од западен и севреозападен правец.

Според информациите од двата аеродрома во змејава, авиосообраќајот се одвива без поголеми пречки.