Нови бранови бегалци од Грција, редовен транзит на мигрантите
28.01.2016 10:23
Од синоќа границата беше затворена поради информациите кои пристигнуваат од земјите северно до Македонија за преполните бегалски кампови.

Повторно е отворена грчко- македонската граница за транзит на бегалците кај граничниот камен 59 во близина на Гевгелија. Од синоќа границата беше затворена поради информациите кои пристигнуваат од земјите северно до Македонија за преполните бегалски кампови.
Границата најпрво била затворена во Словенија, Хрватска и Србија. Една од причините за затворањето на границите по должината на Западно-балканската рута е најавата од Австрија за намалување на бројот на баратели на азил годинава.
