МВР: За 24 часа издадени 1.404 потврди за азил

28.01.2016 11:00

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–545, Сирија-508 и Ирак-351.

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.404 странски државјани, од кои 568 се од машки пол, 272 се од женски  и  563 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и еден малолетник кој патува без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–545,  Сирија-508 и Ирак-351.

Од почетокот на годинава до вчера, издадени  се потврди на вкупно 48.374 странски државјани, од кои 20.126 се од машки пол, 10.409 се од женски и 17.737 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-24.260, Авганистан-15.131 и Ирак-8.980.

Вчера до Секторот за азил поднесено е едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда на еден малолетник  од Сирија, а од почетокот на годинава поднесени се вкупно шест барања за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27.01.2016 година евидентирани се вкупно 21  баратели на азил од кои 18 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател   се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.