Преживеа Владата на Ѓукановиќ
28.01.2016 11:09
Во завршното обраќање премиерот Ѓукановиќ соопшти дека го прифаќа планот за надминување на политичката криза во земјата, предложен од партијата Позитивна Црна Гора...

По тридневна расправа, со 42 гласа „за“ и 20 „против“, преживеа владата на Мило Ѓуќановиќ. Црногорскиот парламент доцна синоќа и изгласа доверба.
Во завршното обраќање премиерот Ѓукановиќ соопшти дека го прифаќа планот за надминување на политичката криза во земјата, предложен од партијата Позитивна Црна Гора и ја повика опозицијата да се вклучи во работата на владата.
На самитот на НАТО во Варшава годинава, државата која брои околу 600 илјади жители треба да стане полноправна членка на алијансата.
