Усвоен нацрт- закон за побрза депортација на мигрантите од Германија
28.01.2016 11:13
Министерот за правда Мас изјави дека овој закон кој треба да го усвои Бундестагот е во интерес на стотина илјади мигарнти кои престојуваат во Германија.

Германската влада усвои нацрт- закон со кој ќе се овозможи побрза депортација на странските државјани кои во Германија извршиле кривично дело.
Министерот за правда Мас изјави дека овој закон кој треба да го усвои Бундестагот е во интерес на стотина илјади мигарнти кои престојуваат во Германија.
Владата на Шведска соопшти дека планира да протера 80.000 бегалци кои во 2015-та дошле во змјата, а досега не оствариле право на азил.
