Зика вирусот може да предизвика пандемија

28.01.2016 11:40

Американските научници сметаат дека вирусот може да преизвика пандемија и ја повикаа организацијата да преземе итни мерки.

Светската здравствена организација во Женева ќе одржи информативна средба за преземање превентивни мерки и заштита од вирусот Зика.

Американските научници сметаат дека вирусот може да преизвика пандемија и ја повикаа организацијата да преземе итни мерки.

Досега најголем број на заболени од овој вирус има во Бразил, но болеста е регистрирана уште во 20 земји, меѓу кои и Данска.