Прва седница на Анкетната комисија за скандалот со фалсификување на лични документи
Формирањето на Анкетната за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, беше поддржано од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. СДСМ одлучи да не партиципира...

Анкетната комисија за скандалот со фалсификувањето на личните документи треба да ја одржи првата седница. На дневен ред е усвојувањето на Деловникот за работа. Претседател е Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Формирањето на Анкетната за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, беше поддржано од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. СДСМ одлучи да не партиципира со образложение дека една Анкетна веќе постои и треба да се создадат услови таа да може да функционира, а не да се прават паралелни комисии.
Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, чиј претседател е Петре Шилегов од СДСМ, веќе подолго време не заседава. Извештајот за нејзината работа треба да биде подготвен најдоцна до 31 јануари.
