Незири: Фер и демократски избори на 24-ти април

28.01.2016 13:12

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири, посочи дека за да се одржат изборите неопходно да се пречисти избирачкиот список и да има нов закон за медиумите...

Целосно спроведување на јунско-јулскиот договор и  фер и демократски избори на закажаниот датум, 24 април, очекува шефот на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири. Посочи дека за тоа е неопходно  да се пречисти избирачкиот список и да има нов закон за медиумите.

„Ставот на ДУИ е што побрзо да имаме избори, но да бидат фер и демократски“, изјави Незири. Посочи дека за тоа е неопходно  да се имплементираат двата сегмента од Договорот од Пржино, односно да биде пречистен Избирачкиот список и да има нов закон за медиуми.

„Се надевам и оптимист сум дека до 24 април тие два сегмента од Договорот од Пржино ќе бидат имплементирани и ќе има избори“, потенцира Незири.