Штрајк на грчките новинари

28.01.2016 13:19

Медиумите нема да објавуваат вести, а весниците нема да се печатат.

Штрајкови во Грција. По адвокатите, лекарите и морнарите, денеска во 24-часовен штрајк стапија и новинарите.

Медиумите нема да објавуваат вести, а весниците нема да се печатат.

Штрајкот е организиран во знак на протест против пензиските реформи што ги планира владата.