Париз: Евакуирани пет гимназии поради дојава за бомба
28.01.2016 13:29
Училиштата веднаш биле испразнети, а полицијата го пребарува теренот.

Евакуација во пет париски гимназии поради дојава за поставена бомба. Непознат маж изутрината се заканил дека вооружени мажи со калашњикови и со бомби во пет гимназии ќе предизвикаат масакр, јавија француските медиуми.
Училиштата веднаш биле испразнети, а полицијата го пребарува теренот.
И минатата недела во Париз имаше дојава за поставени бомби во училишта, но заканата беше лажна.
