Иванов: И во следните години ќе бидеме окупирани со мигрантската криза

28.01.2016 14:42

Станува збор за преселби на народите, не само на европскиот континент, оцени претседателот Иванов, нагласувајќи дека треба да се направи селекција и да им се помогне на оние кои се соочуваат со тешки состојби во нивните земји.

И во наредните години и децении ќе бидеме окупирани со мигрантската криза, изјави претседателот Ѓорге Иванов во рим каде што во имаше средби со неговиот домаќин италијанскиот шеф на државата Серџо Матарела, но и со бугарскиот Росен Плевнелиев.

Станува збор за преселби на народите, не само на европскиот континент, оцени Иванов, нагласувајќи дека треба да се направи селекција и да им се помогне на оние кои се соочуваат со тешки состојби во нивните земји.

„Ова е на некој начин дел од тоа што го прави Алијансата на цивилизациите, а тоа е да се поттикне дијалог и да се разговара за сите можни аспекти за заканите кои постојат, и за сето она што сме преокупирани како човечка цивилизација“, изјави Иванов, истакнувајќи дека бегалци нема само во Европа, туку големи поместувања на население и преселби на народи има речиси на сите простори.

Тоа, според претседателот Иванов, создава сосем поинакви состојби, за кои досега немало начин како да се справат сите земји кон кои одат мигрантите, и на кој начин да им излезат во пресрет на тие што добронамерно дошле поради состојбите во своите земји.

Претседателот Иванов, остварил средби со претседателот на Италија Серџо Матарела, со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, со претседателот на Италијанскиот сенат, како и со повеќемина поранешни претседатели кои биле присутни на состанокот.