Подобрување на вештините- клуч за вработување на младите
Соработката на социјалните партнери на локално ниво треба да генерира нови работни места и да ја зголеми економската активност. Приоритет- создавањето можности за вработување на младите. Клучно е да се подобрат вештините...

Социјалните партнери мораат да соработуваат, не само на централно, туку и на локално ниво. На овој начин се подобрува бизнис- климата, се отвораат нови фирми, се овозможува подобра социјална и здравствена заштита, се раздвижува пазарот на трудот. Од американската УСАИД советуваат - клучот за помала невработеност кај младите е подобрување на вештините.
„Секогаш кога зборуваме со бизнисите, тие споделуваат друга информација- велат дека иако бројката на невработени е толку голема, работа има, меѓутоа буквално велат нема кој да ја работи, односно младите кои што аплицираат за работа ги немаат оние вештини и барања кои што ги бараат работодавачите и неможат да одговорат на потребите на модерниот пазар на труд“, вели Ѓорѓи Кушевски, директор на УСАИД мрежа „ЈЕС“.
Според амбасадорот на САД во македонија Џес Бејли, ако локалните- економски совети функционираат добро, тогаш ќе се направи значителен напредок за отворање нови рабитни места и поттикнување на економската активност.
„УСАИД се фокусира на ова преку прашањето за невработеноста на младите. Вклученсота на САД во овој настан ја одразува нашата желба да и се помогне на Македонија“, изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Република Македонија.
Соработката на социјалните партнери на локално ниво ќе помогне за економски развој на општините и намалување на невработеноста на локално ниво, рече министерката за социјала Ременски.
„Соработката на социјалните партнери на локално ниво треба да делува кон подобрување на деловното опкружување, развој на претприемништвото, здравствената и социјалната политика, даночната политика, вон-буџетските давања, образванието, пазарот на трудот“, изајви министерката за труд и социјална политка, Фросина Ташевска- Ременски.
Првиот синдикалец вели: формирањето на економско – социјалниот совет на национално ниво даде резултат, од 2010-та значително се подобрил социјалниот дијалог.
Александра Перевска
