ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на различни позиции за текот на преговорите во работните групи

28.01.2016 16:40

За владеjачката партија – прашањето за избирачкиот список е затворено, за опозициската – не се откажале од теренската проверка. Жешка точка – освен медиумите и избирачкиот список, анкетната за прислушувањето...

Очигледно е дека СДСМ од вчера повеќе нема проблем со избирачкиот список. Се согласија дека методологијата за неговото пречистување предложена од ДИК, за нив е прифатлива, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Не е точно дека СДСМ целосно се откажале од таканаречената теренска проверка на избирачкиот список, ако има договор за медиумите,изјави Петре Шилегов.

„Сериозна индиција за нас е тоа што ДИК во својата методологија смета дека треба да се посетат најмалку 100 илјади домови во РМ за да може да утврдиме дека имаме прочистен избирачки список. Доколку самата ДИК смета дека 100 илјади домови минималнос е критични тогаш имаме сериозен проблем по прашањето за ажурирање на избирачкиот список“, вели Петре Шилегов од СДСМ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Димовски смета дека од преостанатите две прашања за кои разговараат работните групи од 4-те најголеми политички партии,избирачкиот список и  медиумите, во суштина првото е затворено.

„Три години, ја малтертираат оваа држава со тврдење дека Избирачкиот список е причина и начин како се фалсификуваат избори и како се злоупотребува власт, и денеска велат Избирачкиот список е супер само вие дајте ни да ги контролираме медиумите.  Не ви личи тоа на зелен пазар“, праша Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

За медиумите, на маса повеќе предлози од политичките партии,од новинарските здруженија и од асоцијацијата на електронските медиуми. Се што има во европското законодавство, може да биде предмет на разговор за да се постигне решение, истакна Димовски.

За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо, зошто посредникот Ванхауте неприфаќа во Македонија да се копира и да се изгласа закон за медиуми што постои во Европската Унија. Експерименти не прифаќаме, дециден Димовски.

Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за опструкции на анкетната комисија за прислушувањето.Според Шилегов,  е невозможно до 31 јануари да се подготви извештајот и тврди дека со тоа не е исполнета една точка од јунско-јулскиот договор.

За ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот став е уште една причина СДСМ да избега од изборите на 24 април.

Милчо Велески