Куритиба останува без СП?
Ја губи ли Куритиба, еден од 12-те градови за претстојниот фудбалски Мундијал трката со времето? ФИФА е се повеќе загрижена поради состојбата на „Арена да Баиксада“.На градежните работи на овој стадион со капацитет од 28 413 места,сеуште не им се гледа крајот. Генералниот секретар на ФИФА Џером Валке кој деновиве е во инспекција на Бразил најавува дека во наредните три недели ќе биде решено дали на Куритиба ќе и биде одземено домаќинството на мечевите од СП. 18 февруари е крајниот рок до кој организаторот ќе мора да докаже дека „Арена да Баиксада“ ќе биде целосно подготвена.

Во Куритиба би требало да се одиграат четири натпревари од групната фаза:
Нигерија-Иран, Еквадор- Хондурас, Шпанија- Австралија и Русија- Алжир.