Нови пет проекти за поддршка на младите
150 игралишта, стипендии, реновирање на Националната универзитетска библиотека, ново матично во Скопје, мултифункционална читална- лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претстави серија проекти за младите...

Тоа што ќе го ветиме пред граѓаните сакаме и да го оствариме. Целта ние да излеземе во пресрет на нивните потреби - изјави лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски кој промовираше 5 нови проекти за помладата популација.
Најави изградба на 150 нови игралишта за баскет, како и стипендирање студенти од семејства со ниски примања за последипломски и докторски студии.
„Ние го продолжуваме континуитетот на она што го правиме постојано а тоа е се проекти за граѓаните, континуитет на она што ние масовно го започнавме. Тоа е стилот на ВМРО-ДПМНЕ и ние немаме намера да се откажеме а граѓаните најдобро знаат дека кога ние ќе ветиме нешто тоа и го остваруваме и затоа нашиот збор е цврста обврска која ја исполнуваме“, рече денеска Груевски.
Комплетно ќе се реновира Национална универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“. Граѓаните во палатата „Дамјан Груев“ на Плоштадот Македонија ќе добијат ново матично. Дотогаш младите ќе може да се венчаат во Музејот на националната борба и во Порта Македонија. Ќе се отвори и нова мулти функционална читална која ќе служи и за приеми и за концерти, рече Груевски.
„Ние избираме работа која создава услови за подобар живот, работа која решава проблеми, на луѓето и на младите, ние наспроти обвинувањата избираме чесен пристап, и реални ветувања. Тоа не е лесно и затоа не го прават сите“, нагласи Груевски.
Петте проекти кои Груевски ги најави ќе започнат да се реализираат во 2017-та.
Миле Ристески
