Нова трагедија со бегалци крај грчкиот брег
Според последните информации, десет лица биле спасени и префрлени во болница. Преживеаните рекле дека на бродот имало 45 лица.

Најмалку 24 лица, меѓу кои 10 деца настрадаа кога потона брод со бегалци кај грчкиот остров Самос во Егејското Море. Грчката крајбрежна стража соопшти дека уште единаесетмина се водат како исчезнати и во тек е потрага по нив. Во спасувачката операција учествуваат грчки патролни чамци и два брода на Фронтекс.
Според последните информации, десет лица биле спасени и префрлени во болница. Преживеаните рекле дека на бродот имало 45 лица.
Ова е втора трагедија со бегалци за само два дена. Седум луѓе загинаа во средата крај брегот на грчкиот остров Кос, од нив две биле деца. Грција е првата земја во која доаѓаат бегалците, претежно од Турција.
Според податоците на Обединетите Нации, од почетокот на годинава во земјата влегле речиси 50.000 мигранти и бегалци, додека стотици го загубиле патот во обид да стигнат до Европа.
Марина Автовска
