Дополнителни субвенции за професионалните земјоделци

29.01.2016 10:26

Професионалните земјодеци дополнително ќе се субвенционираат од државата. Кај три категории производители зголемување ќе има од 5 до 20 проценти.

Вкупно 10 милиони денари се обезбедени за младите и за професионалните земјоделци. Доколку фармерот е до 40 години, ќе добие плус 10, а 5 проценти правните лица како земјоделско стопанство.

Третата категорија со поголема финансиска поддршка се регистрираните индивидуални земјоделци или регистрираниот земјоделец, согласно Законот за пензиското и инвалидско осигурување. За нив, субвенциите се поголеми за 20 насто.

Зголемената финансиска поддшка не се добива автоматски, туку за неа при поднесување на субвенциите треба да се достави и посебно барање.

 

Методија Трајков