Одземена акцизна стока од трговски и угостителски објекти

29.01.2016 11:12

При контролата одземени се 158,4 литри домашна ракија, 2,3 литри странска ракија, 3,2 литри узо, 0,7 литри коњак и 71 кутии цигари од (Лорд и Аура).

Во контрола на продажбата на акцизна стока во Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Дебар во седум угостителски и два малопродажни објекти констатирани се неправилности при што се одземени алкохол и цигари, соопштуваат од Царинската управа.

При контролата одземени се 158,4 литри домашна ракија, 2,3 литри странска ракија, 3,2 литри узо, 0,7 литри коњак и 71 кутии цигари од (Лорд и Аура). Утврдено е дека алкохолните пијалаци и цигарите не биле означени со контролни марки – бандероли и иако се нуделе за продажба, не поседувале сертификат за здравствена исправност што ги прави потенцијално опасни за здравјето на луѓето.

Против прекршителите, Царинската управа презема соодветни постапки. Контролата спроведена во изминатите два дена во 41 трговско друштво.