Од почетокот на 2016-та издадени над 50 илјади потврди за азил

29.01.2016 11:16

Најбројни се државјаните на Сирија-24.950, Авганистан-15.872 и Ирак-9.386.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.837 странски државјани, од кои 754 се од машки пол, 392 се од женски и 691 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан-741, Сирија-690 и Ирак-406 .

Од почетокот на годинава до вчера издадени се потврди на вкупно 50.211 странски државјани, од кои 20.880 се од машки пол, 10.801 се од женски и 18.428 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-24.950, Авганистан-15.872 и Ирак-9.386.

Во истиот период до Секторот  за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на  шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија.