Австралија: Поставени бомби во училишта?
29.01.2016 11:30
Полицијата потврди дека преку телефонски јавувања компјутерски генериран глас тврдел дека се оставени ранци со бомба.

Евакуација на учениците и на наставниците во неколку средни училишта во Сиднеј по дојави за поставени бомби.
Полицијата потврди дека преку телефонски јавувања компјутерски генериран глас тврдел дека се оставени ранци со бомба.
Во Австралија денеска е првиот училишен ден по летниот распуст.
И во Франција минатата недела имаше дојави за поставени лажни бомби.
