Собранието ќе ја продолжи 85-тата седница

29.01.2016 10:30

На дневен ред се Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост...

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85-тата седница.

На дневен ред се Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост во прво читање, како и Предлог законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка.